Формирањето на политичката партија ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА е резултат на гласното размислување на илјадници луѓе, чии основни човечки егзистенцијални права секојдневно се газат, а нивното мислење се отфрла како неподобно.
ОБЕДИНЕТИ ЗА МАКЕДОНИЈА е партија, движење, визија и концепт кој се темели на заедничките македонски вредности.
Партијата ќе се води од придобивките на ВМРО и ќе се залага за сплотување на народот за слободна и богата Македонија, еднаква со другите европски земји.
Партискиот симбол на ОМ е црн лав, поставен на жолто-златен штит, кој претставува хералдичка стилизација на традиционалниот земски грб на Македонија.